Home » Европските челници ќе разговараат за импликациите од победата на Трамп

Европските челници ќе разговараат за импликациите од победата на Трамп

by Журнал.мк

Во четврток и петок во Будимпешта се одржуваат два големи политички собира на кои лидерите на Евроспката унија и другите европски земји ќе разговараат што значи победата на Доналд Трамп во САД за ЕУ ​​и нејзините соседи.

Челниите на речиси сите европски земји во четвртокот ќе се соберат во Будимпешта на петтата средба на врвот на европската политичка заедница, а во петок на истото место ќе се одржи и неформален самит на лидерите на Европската унија.

Лидерите на 47 европски земји, сите освен Русија и Белорисија, беа поканети на самитот на Европската политичка заедница (EPC), кој беше создаден по руската инвазија на Украина во 2022 година како форум за дијалог и соработка меѓу ЕУ и другите европски земји во решавањето на прашања од заеднички интерес.

Унгарската страна, која средбата ја најавува како најголем дипломатски настан во историјата на земјата, очекува пристигнување на претставници 45 до 47 поканети земји. На самитот што ќе се одржи во просториите на фудбалскиот стадион „Пушкаш Арена“ ќе учествуваат повеќе од 50 делегации бидејќи покрај претставници на поканетите земји ќе учествуваат и претставници на институциите на ЕУ и светските организации.

Останува да се види дали домаќинот на состанокот на EPC, унгарскиот премиер Виктор Орбан, како што стравуваат во Брисел, ќе направи дипломатска диверзија и ќе му дозволи на новиот американски претседател Доналд Трамп да им се обрати на европските лидери, директно преку видео врска или снимена видео порака.

Уште во јуни, познатиот унгарски истражувачки новинар Саболш Пањи, цитирајќи дипломатски извори, напиша дека Орбан го поканил Трамп на самитот и дека Трамп може да испрати порака за поддршка на Орбан и неговата политика, која подолг период е во конфликт со естаблишментот и бирократијата во ЕУ.

И по руската инвазија во Украина, Орбан продолжи да одржува блиски односи со Москва, се спротивстави на европската воена помош Киев со кој Будимпешта има повеќе од деценија ипол конфликти по разни прашања, тврдејќи дека тоа е помош за една од завојуваните страни и со тоа само ја продолжува војната и гинењето на луѓето, додека тој самиот се залагаше за посигнување мир.

Во средата, во говорот на самитот на Организацијата на турските земји, Орбан рече дека ќе биде потребна нова европска стратегија кон Украина.

Победата на Трамп го става на маса прашањето за европските лидери „дали Европа сама е способна да продолжи да обезбедува воена и финансиска помош за Украина“. Сериозно се сомневам во тоа“, рече Орбан, според унгарската новинска агенција МТИ.

Победата на Трамп може да има најголемо влијание врз судбината на Украина, чија прозападна и антируска политичка сцена беше целосно поддржана и од ЕУ и од САД уште од пред превратот во Киев во 2014 година. Трамп постојано ја доведува во прашање поддршката на САД за Украина по руската инвазија и нагласи дека Европа треба да го сноси најголемиот дел од товарот. Тој одби да одговори на прашањето „дали сака Украина да победи“ и повтори дека доколку биде избран ќе ја заврши војната многу брзо и пред официјално да ја преземе функцијата.

На самитот EPС ќе се разговара за безбедносните предизвици за Европа, вклучително и руската агресија врз Украина, ескалацијата на конфликтите на Блискиот исток, илегалната миграција и прашањата поврзани со економската безбедност и поврзаноста на полето на енергијата, транспортот, ИТ секторот и глобалната трговија.

Самитот на EPC започнува во четврток наутро со пленарна сесија која ќе биде посветена на безбедносните предизвици. Потоа ќе следуваат посебни тематски средби во помали групи на тема миграција и економска безбедност. Состанокот завршува со пленарна сесија на која ќе бидат презентирани резултатите од посебните состаноци во помали групи.

На крајот на самитот, предвидена е прес-конференција на домаќинот на средбата, унгарскиот премиер Виктор Орбан и следниот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама, бидејќи следната средба ќе се одржи во Тирана на пролет 2025 година.

Веднаш по завршувањето на самитот на EPC, лидерите на земјите-членки на ЕУ одат во унгарскиот парламент, каде за време на работната вечера ќе разговараат за резултатите од американските избори и неодамна одржаните избори во Грузија.

Неформалниот самит на ЕУ, со кој последен пат претседаваше претседателот во заминување, Шарл Мишел, продолжува во петок, а главна тема ќе биде економската конкурентност на Унијата. Дискусијата ќе се заснова на извештајот за иднината на европската конкурентност што го составил поранешниот италијански премиер Марио Драги, кој исто така ќе учествува на самитот.

Сите во принцип се согласуваат дека на Европската унија и треба нов пакт за конкурентност, но има големи разлики околу тоа што конкретно треба да се направи за да може европската економија да се справи со американската и кинеската конкуренција.

Според последниот нацрт на декларацијата, за која преговараат амбасадорите на земјите-членки, лидерите ќе го поздрават извештајот за конкурентноста на Марио Драги и извештајот за единствениот пазар подготвен од Енрико Лета, исто така поранешен италијански премиер.

ЕУ ги гледа овие извештаи како повик за будење за што побрзо да се реши прашањето за заостанување во иновациите и продуктивноста, како во однос на глобалните актери, така и во однос на разликите во ЕУ. Сепак, големото прашање останува како да се финансираат потребните инвестиции кои би го спречиле заостанувањето на Европа. Едно од решенијата би можело да биде ново задолжување, како закрепнување од пандемијата или зголемување на европскиот буџет, но на тоа силно се спротивставуваат земјите кои најмногу инсистираат на штедење и фискална дисциплина, како Германија, Холандија и скандинавските земји.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk