Европските берзански индекси се намалени на почетокот на неделата, вредноста на златото достигна ново историски највисоко ниво, а целиот свет очекува нова рунда американски царини, вклучително и тарифи од 25 отсто за сите автомобили произведени надвор од САД, што ќе стапи на сила на 2 април.
Фјучерсите на американските акции паднаа во неделата навечер.
Франкфуртската берза DAX денеска во 9:30 часот падна на 22.239,50 поени, францускиот CAC 40 на 7.844,49 поени, британскиот FTSE 100 на 8.582,50 поени, а московскиот MOEX на 3.013,86 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна на 41.583,90 поени, на S&P 500 на 5.580,94 поени, а на Nasdaq на 17.322,99 поени.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 69.266 долари, а на нафтата од типот брент на 72.646 долари.
Европските фјучерси на гас за април на отворањето на берзата ТТФ се тргуваа по 40,6 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 3.121,43 долари за унца, а на пченицата на 5,2971 долари за бушел (бушел е 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,08288, што е нешто повисоко од вредностите забележани во тргувањето во петокот.