Денеска, на почетокот на првата пленарна сесија оваа година, Европскиот парламент му оддаде почит на неодамна починатиот претседател Дејвид Сасоли.
Заедно со европратениците, на церемонијата присуствуваа и семејството Сасоли, неколку премиери на ЕУ, како и други европски претставници.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја истакна „скромноста“ на Сасоли и го пофали што „цврсто ги брани“ европските вредности, пренесува Хина.