Home » Европскиот парламент ќе одржи вонредна седница за Украина

Европскиот парламент ќе одржи вонредна седница за Украина

by Журнал.мк

Европскиот парламент ќе одржи вонредна седница на 19 ноември во Брисел, за да одбележи 1000 дена од почетокот на руската воена агресија против Украина, соопшти претседателката на ЕП, Роберта Мецола.

По тој повод, украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се обрати на европратениците, иако нема да присуствува лично на седницата.

„Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку колку што е потребно“, напиша Мецола на социјалната мрежа „X“. Таа додаде дека оваа седница е посветена на храброста и хероизмот на Украинците.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk