Home » Европскиот фронт се проширува и со Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризаре

Европскиот фронт се проширува и со Курто Дудуш, градоначалникот на Шуто Оризаре

by Журнал.мк

Телевизијата Клан Македонија, ексклузивно дознава дека Курто Дудуш, поранешен пратеник, а моментално градоначалник на општина Шуто Оризаре oд Скопје, денеска се сретнал со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

Според информациите, Ахмети и Дудуш се договориле Дудуш да се приклучи кон Европскиот фронт.

Инаку, пред неколку дена, партијата Народно движење предводена од Скендер Реџепи Зејди потпиша коалициски договор со ДУИ и Али Ахмети, додека утре на Европскиот фронт се очекува да му се приклучат и ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска партија, предводена од Аријанит Хоџа, преку потпишување на коалициски договор во Тетово со почеток во 12:00 часот во Домот на културата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More