Home » Европската комисија за пресудата на Фајзергејт: Судот не ја доведува во прашање нашата политика

Европската комисија за пресудата на Фајзергејт: Судот не ја доведува во прашање нашата политика

by Журнал.мк

Европската комисија реагираше на пресудата на Судот на ЕУ, велејќи дека ја зема предвид, дека внимателно ќе ја проучи и ќе одлучи за следните чекори.

„Комисијата сега внимателно ќе ја проучи одлуката на Општиот суд и ќе одлучи за следните чекори. За таа цел, Комисијата ќе издаде нова одлука со подетално образложение“, се вели во соопштението на Комисијата.

Општиот суд на Европската унија во среда пресуди дека Европската комисија не дала убедливо објаснување со кое ќе се оправда недостатокот на бараните документи, СМС-пораки меѓу претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен и извршната директорка на фармацевтската компанија Фајзер, со кои се договорила набавката на вакцината против Ковид.

Во соопштението на Комисијата се вели дека Општиот суд смета дека Комисијата требало да даде подетално објаснување во својата одлука дека не поседува документи од бараниот тип.

„Општиот суд не ја доведува во прашање политиката на Комисијата за регистрација во врска со пристапот до документи. Целта на овие правила е да се обезбеди интегритетот на евиденцијата на Комисијата и целосна транспарентност преку обезбедување важните документи составени или примени од Комисијата да бидат лесно достапни за заинтересираните граѓани на ЕУ“, истакнува Комисијата.

„Транспарентноста отсекогаш била од најголема важност за Комисијата и претседателката Урсула фон дер Лајен. Ќе продолжиме строго да се придржуваме до воспоставената силна законска рамка за спроведување на нашите обврски“, додаде Комисијата.

Претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла, размениле пораки, чија содржина сè уште е непозната за јавноста, во време кога Комисијата преговараше за договори вредни повеќе милијарди евра за набавка на вакцини против Ковид-19.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk