Home » Европол: Низ Европа уапсени 51 лице во борбата против трудова експлоатација

Европол: Низ Европа уапсени 51 лице во борбата против трудова експлоатација

by Журнал.мк

Во заедничка акција спроведена од 31 земја ширум Европа, уапсени се 51 лице во рамките на борбата против трудовата експлоатација и трговијата со луѓе, особено експлоатацијата на граѓани од земји кои не се членки на ЕУ и бегалци, соопшти денеска Европол.

Во соопштението се наведува дека од 20 до 27 април, органите на редот, граничарите и даночните власти ширум Европа идентификувале 334 потенцијални жртви на трудова експлоатација и 160 сторители во 31 земја.

Заедничката акција на Европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани (EMPACT) беше предводена од Холандија со поддршка на Европол и Европската агенција за труд.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More