Home » Евроинтеграцијата и приоритетните реформи тема на разговор меѓу Фетаи и Сарацин

Евроинтеграцијата и приоритетните реформи тема на разговор меѓу Фетаи и Сарацин

by Журнал.мк

Стратешките приоритети на Владата во контекст на европската интеграција беа тема на разговор на вицепремиерот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи со специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Од Кабинетот на вицепремиерот, информираат дека на средбата биле разменети мислења за неопходноста од забрзување на процесот на пристапување на земјава кон Европската Унија.

Во текот на разговорот, Фетаи ја нагласи силната посветеност на Владата кон унапредување на клучните реформи, како што се зајакнување на правната држава, интензивирање на борбата против корупцијата и градење на стабилни и функционални демократски институции.

Посебен акцент беше ставен на зачувувањето и унапредувањето на меѓуетничката хармонија, како и на промоцијата на јазичната разновидност – вредности кои се основа на општествената кохезија и развој на земјата.

Специјалниот претставник Сарацин ја истакна важноста од исполнување на обврските кои произлегуваат од Преговарачката рамка и ги охрабри властите да го искористат поволниот момент за започнување на преговорите за членство. Тој нагласи дека во рамки на ЕУ постои широк консензус за потребата од проширување со земјите од Западен Балкан.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk