Припадниците на групата која беше во Куманово и пред чие престојувалиште се собираа млади за да ги малтретираат со викање и фрлање јајца и камења се префрлени во Скопје од безбедносни причини.
Од МВР ни одговорија дека лицата (мажи, жени и деца од еврејската религиозна група Лев Таор) го напуштиле Куманово. Синоќа пак пред куќата беше паркиран автобус за транспорт на групата.
-Лицата за кои прашувате го напуштија Куманово и во моментов се во Скопје. Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, се целосно со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите, ни одговорија од МВР.