Home » Евидентирани 34 пожари на отворено, еден е уште активен

Евидентирани 34 пожари на отворено, еден е уште активен

by Журнал

Во текот на изминатото деноноќие, согласно информациите до Центарот за управување со кризи биле активни други 34 пожари на отворен простор.

Пожарникарите, паралелно гаснејќи пожари во населените места, гаснеа најмалку 34 евидентирани пожари на отворено, на одредени места и со помош на локалното население. Пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Активен е само уште еден пожар од последното изминато деноноќие, на непристапен терен на Селечка Планина – информираат од ЦУК.

Од таму додаваат дека конкретно, Регионалниот ЦУК Битола информира дека пожарникарите од ТППЕ Прилеп гаснеле пожар на запалена сува трева меѓу атар на с. Волково и с. Прилепец во територијалниот опфат на општината Прилеп со 1 противпожарно возило и 3 пожарникари.

Воедно информираат дека во последното деноноќие имало вкупно 2.091 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 40,60 отсто, а 59,40 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 50,17 отсто, кон Итната медицинска помош 34,01, а кон пожарникарите 14,48 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More