Момчето убиец, кое на 3 мај минатата година изврши страшно злосторство во ОУ „Владислав Рибникар“, се уште е на Клиниката за деца и младинци за неврологија и психијатрија.
На тој крвав ден момчето уби девет деца на возраст од 11 до 14 години, како и училишниот чувар Драган Влаховиќ (53). Покрај тоа, брутално ранил пет врсници и наставник по историја.
По нападот момчето е сместено во клиника, додека неговиот татко е во притвор. Против таткото и мајката на момчето убиец се води граѓанска и кривична постапка покрената од родителите на убиените деца.
Според извори блиски до случајот, момчето се повлекол од тој ден и со недели не разговарало со персоналот на клиниката. Со никого не зборува и ништо не бара, а единствена активност што го окупира во моментов е пишувањето и не дозволува никој да му ги гледа неговите листови, пишува Srbija Danas.