Home » Еве кои се 20 најчести симптоми на омикрон сојот

Еве кои се 20 најчести симптоми на омикрон сојот

by Журнал.мк

Студија ги открила 20-те најчести симптоми на омикрон со неколку кои „излегуваат“ од вообичаениот калап.

Делта сојот на корона вирус означи исчекор во симптомите на Ковид-19 во однос на „класичните“ симптоми како треска, кашлица и губење на вкус или мирис, според апликацијата ZOE Covid Study.

-Симптомите слични на настинка станаа почести кај делта соевите, а кај омикронот трендот само продолжи, рекол професорот Тим ​​Спектор, ко-креатор на апликацијата.

Спектор вели дека знаците на омикрон може да се движат од течење на носот до магла во мозокот и болка во очите откако вирусот еволуирал.

Апликацијата ZOE ги следи симптомите на ковид од март 2020 година, собирајќи 480 милиони извештаи.

„Важно е да се запамети дека иако делта и омикрон може да изгледаат како настинки кај многумина од нас, тие исто така можат да предизвикаат долготрајни симптоми кои ќе го попречат нашиот секојдневен живот, особено кај луѓе кои не биле вакцинирани или се имунокомпромитирани“, вели Тим Спектор.

Истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон ги споредиле податоците од периодот кога делтата беше главна варијанта во октомври со извештаите во декември кога омикронот почна да се шири и не откриле никаква разлика помеѓу симптомите на делта и омикрон.

Сепак, некои симптоми се почести кај омикронските инфекции, а Спектор ги претстави 20-те најчести симптоми на омикрон сојот на корона вирус:

  • Течење на носот
  • Главоболка
  • Замор
  • Кивавица
  • Воспалено грло
  • Упорна кашлица
  • Рапав глас
  • “Друго”
  • Морници или треперење
  • Треска
  • Вртоглавица/слабост
  • „Магла на мозокот“
  • Променет мирис
  • Болка во очите
  • Невообичаена болка во мускулите
  • Губење на апетит
  • Губење на мирис
  • Болка во градите
  • Отечени жлезди
  • Депресивно расположение

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk