17.8 C
Skopje
Sunday, June 13, 2021

Ева Заева: Јас сум девојка како и сите други

Најчитани вести

Внуката на Премиерот Зоран Заев, 18-годишната Ева Заева постојано истакнува дека во себе носи огромен моден потенцијал. Таа веќе се остварува во улогата на моден дизајнер, а зад секоја објавена фотографија на социјалните мрежи добива низа позитивни коментари од оние кои ја поддржуваат во она што го работи, но и од оние кои се восхитуваат на нејзината убавина.

Ева Заева за својот 18-ти роденден

Минатата година во едно интервју, убавата струмичанка изјави:

– Живееме во современо време во кое интересот кон модата станува се поголем, особено кај припадничките на понежниот пол. Тоа време исполнето со разни електронски и печатени медиуми кои ја третираат модата во своите содржини, неминовно има влијание на раѓањето на таа љубов кон модните трендови, кај нас младите генерации. Јас сум само едно од многуте девојчиња во Македонија, Европа и светот, кои ја имаат и негуваат таа своја љубов кон модата. Чинам дека не постои ниту едно девојче кое ја нема во себа таа љубов. Кај мене можеби таа е поизразена поради секојдневниот професионален ангажман на мојата мајка, која успешно раководи со една конфекција во Струмица.

Со својата мајка Славица Заева

Убавината и ја препишува на генетиката, односно на своите родители, а за нејзиниот талент говорат многуте креации во кои може да ја видиме.

Заева со својот татко

Кога не носи своја креација, Ева Заева повторно избира да облече нешто впечатливо и тренди и со тоа јасно го истакнува својот моден вкус, иако вели дека ако еден ден модата навистина стане нејзина животна професија, тогаш би била зад параванот на модната патека, како моден креатор, а не на самата патека како модел.

– Јас сум девојка како и сите други и не преферирам некакви посебни стилови на облекување. Најубаво се чувствувам кога се носам спортски и лежерно, кои на најдобар можен начин ја одразуваат слободата на живеењето и возраста во која се наоѓам – додава таа.

Заева не го крие својот приватен живот, па веќе подолго време е во врска со Душко Чифлиганец, син на познатиот биснизмен Ванчо Чифлиганец. Иако тие се уште не потврдиле ништо за јавноста, објавуваат многу заеднички фотки од убави моменти на социјалните мрежи.

Не ја крие врската со Душко Чифлиганец

Во истото интервју, на прашањето за својот чичко, Премиерот Зоран Заев, внуката има само пофални зборови:

– Сосема е нормално, сите што имаат чичковци да си ги сакаат и да мислат се најдобро за нив, но верувајте ми, јас го имам најдобриот чичко на светот. Тој ми е и чичко, и пријател и другар… Жал ми е за оние кои не успеале да го запознаат, за да го откријат неговиот вистински лик. Тие што добро го познаваат, знаат кој е и каков е Зоран Заев. Кога за него „плетат“ разни невистини, ми е премногу смешно. Како да зборуваат за некој друг човек, а не за мојот чичко Зоки. Тој знае често пати да ме советува, на пример, да читам многу книги, да бидам богата со стекнување на голем број пријателства, да бидам добра и секогаш да сум подготвена некому да помогнам. Всушност тој ме советува да ги имам истите доблести што тој ги поседува.

Со својот чичко, Премиерот Зоран Заев

Ева годинава беше матурантка во Колеџот „Јахја Кемал“ во Струмица, а во текот на своето образование посетуваше часови и на медицинската струка во Средното општинско училиште „Димитар Влахов“. Пред неа се нови предизвици, како и продолжување на нејзиното образование. Таа изјави дека покрај модата, вториот сон и е поврзан со медицината, бидејќи од мали нозе имала голема желба, кога ќе порасне да стане докторка.

– Создавањето модни креации, за мене е само хоби и еден вид издувен вентил од училишното секојдневие -вели таа.

Ева за матурската вечер, во своја креација

Иако многумина би рекле дека животот во познато семејство веројатно знае да донесе единствено привилегии, колку всушност токму тој факт може да биде „пречка“ во секојдневниот живот или во начинот на кој околината гледа на неа, Заева одговора со прашањето од една позната песна од Тоше Проески, кога тој вели „Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи“.

Izvor: zenskimagazin.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести