Home » Ева Лонгорија ја напушта Америка поради Трам: „Шокантно е што осуден криминалец ќе ја води државата“

Ева Лонгорија ја напушта Америка поради Трам: „Шокантно е што осуден криминалец ќе ја води државата“

by Lina Muslija

Ева Лонгорија, 49-годишна актерка со латиноамериканско потекло, е меѓу првите познати имиња кои јавно проговорија за нејзините планови во Америка по победата на Доналд Трамп. Таа изрази поддршка за Камала Харис, па дури и зборуваше на конвенцијата на демократите во Чикаго во август оваа година.

Актерката и продуцент, родена во Тексас во семејство со мексикански корени, во големо интервју за магазинот „Мери Клер“ откри зошто таа, нејзиниот сопруг Хозе Бастон (56) и нивниот син Сантијаго (6) поминуваат повеќе време во Мексико и Шпанија отколку во „дистописките“ Соединети Американски Држави. Како што вели, таа е особено згрозена од состојбата во Калифорнија.

„Целиот мој возрасен живот го живеам овд. Но, и пред пандемијата, сè почна да се менува. Енергијата стана поинаква. А кога дојде ковид, стана неподносливо. Без разлика дали е бездомништво или даноци… Не сакам да плукам по Калифорнија, но чувствувам дека ова поглавје мојот живот заврши“, изјавила ѕвездата на популарните „Домаќинки“

Победата на Трамп на изборите е една од причините зошто Ева верува во исправноста на својата одлука.

„Не е шокантно што победи. Шокантно е што осуден криминалец кој исфрла толку омраза може да ја води државата. Ако ги одржи своите предизборни ветувања, тоа ќе биде страшно место“, рекла Ева.

Таа откри дека и по неговата победа во 2016 година била многу депресивна.

„Се прашував дали мојот глас значи нешто, дали можам да влијаам на нешто. Бев потресена до срж, доведувајќи го во прашање сè што верувам длабоко во себе“, додала таа.

Лонгорија во интервјуто признала дека е свесна дека е привилегирана бидејќи има опција да замине.

„Можам да побегнам, да живеам на друго место. Повеќето Американци немаат толку среќа. Ќе мора да живеат во таа дистописка земја. Се чувствувам вознемирена и тажна поради нив“, рекла Лонгорија.

За потсетување, Ева Лонгорија и нејзиниот сопруг се венчаа во 2016 година, по две години врска. Тие патуваат многу во Европа, а имаат голем имот во Марбела, Шпанија. Лонгорија со години соработува со шпанската добротворна организација „Глобал гифт фондејшн“, која им помага на децата, жените и семејствата во тешки животни ситуации. Во 2013 година, актерката ја основа Фондацијата „Ева Лонгорија“, организација преку која финансира школување, образование и проекти за претприемништво за жени, пред сè за жени од Латинска Америка.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk