Home » ЕУ против Европа

ЕУ против Европа

by Журнал.мк

Не е познато кој идиот го смисли терминот Западен Балкан, но е јасно дека станува збор за вештачка политичка кованица смислена да ја одржува Европа и ЕУ во постојан безбедносен ризик.

Пишува: Ристе ЉУБОТЕНСКИ

Цивилизацијата, а со неа и Европа, уште еднаш се на своето историско распаќе. Само што во првата половина на дваесетипрвиот век односот на силите е радикално поразличен од оној во првата половина на минатиот век.

Денес Европа не е доминантна економска, воена и политичка сила. Врз пепелот на Првата и Втората светска војна САД во изминатите сто години успеаја да станат доминантна воена, економска и политичка сила во светот.

Како што јакнеше моќта на САД, во иста мерка, опаѓаше моќта на Европа и јакнеше нејзината безбедносно – воена, економска и политичка зависност од САД.

Резултат на таквите процеси и состојби е фактот што Европа денес е најголемата колонија на САД. Или, уште поточно, Европа денес е извршителот на политиките на САД во овој дел од светот.

Но, по природата на работите, капитализмот како систем и неговите појавни облици во облик на колонијализам, неоколонијализам и т.н процес на глобализација, не можат да постојат и опстанат ако не се шират.

Последиците од таа егзистенцијална потреба на тој систем е ,,оадот“ на ,,социјализмот“ (како државен облик на капитализмот) со кој се отворија територијални, економски, човечки и технолошки потенцијали за негов развој.

ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА

За да се разбере актуелната состојба во Европа денес, имајќи ги во предвид војните што се водат на нејзина територија и на Блискиот Исток, треба да се знае дека тие се производ и логичен резултат од процесите на глобализацијата започнати кон крајот на минатиот век.

Од тогаш па наваму многу брзо се исцрпеа движечките сили кои со своите човечки, стопански и економски ресурси земјите од источна и југоисточна Европа им ги обезбедија на земјите од ,,западната цивилизација“.

Достапот до евтина работна квалификувана работна сила, суровини, но и пазар на Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија и другите им овозможи бесплатен и екстремно профитабилен раст за сметка на овие земји и народи.

Крајниот резултат на тие процеси е довршувањето на процесот на внатрешната колонијализација на Европа од една, но и нејзината преобразба во вазалска колонијална сила од друга страна. Берлинскиот ѕид не се урна, туку само се премести на друга територија.

ЗАПАДЕН БАЛКАН

Не е познато кој идиот го смисли терминот Западен Балкан, но е јасно дека станува збор за вештачка политичка кованица смислена да ја одржува Европа и ЕУ во постојан безбедносен ризик.

Токму затоа лигавењето на бриселската бирократија околу прашањето за ,,интеграцијата“ на земјите од Западен Балкан во рамките на ЕУ, не треба да се гледа од аспект на политиката туку од аспект на безбедноста.

Јасно е дека не станува збор ниту од принципи, ниту за доследност и за ,,цивилизациски вредности“. Тоа за бирократијата на ЕУ се туѓи работи. Водилка на нивните политики е и ќе остане интересот и само интересот.

Затоа и политиките на ЕУ кон Западниот Балкан не се сериозна работа. Тие се само една гола политичка фарса која ќе се смени само тогаш кога капиталот и бирократијата во ЕУ ќе почувствуваат сериозна закана и загрозеност по своите безбедносни, економско – финансиски и политички интереси.

Клучното прашање е само колку ЕУ има капацитет да го преживее овој глобален судир на вредностите, интересите и моќта на етаблираниот но потрошен Север и Запад и пробудениот и полетен Исток и Југ. (на чија страна е демографскиот фактор).

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk