Home » ЕУ предупредува на зголемување на инфлацијата поради нападите во Црвено Море

ЕУ предупредува на зголемување на инфлацијата поради нападите во Црвено Море

by Журнал

Комесарот за економија на Европска Унија, Паоло Џентилони денеска предупреди дека насилството во Црвено Море, предизвикано од нападите на Хутите, може да ги зголеми цените на енергијата и да ја зголеми инфлацијата во ЕУ.

– Знаеме дека ја започнуваме оваа година со слаб раст, со некои добри вести на пазарот на трудот, но зголемена е загриженост за надолните ризици предизвикани од геополитичките тензии, наведе Џентилони на почетокот на состанокот на министрите за финансии на ЕУ.

Тој додаде дека тоа што се случува во Црвеното Море во моментот не влијае врз цените на енергенсите и инфлацијата, но оти трева многу внимателно да се следи ситуацијата, бидејќи последиците би можеле да се почувствуваат во наредните недели.

Претседателот на Квинс колеџот во Кембриџ и главен економски советник во гигантот за финансиски услуги „Алијанц“, Мухамед Ел-Еријан денеска за Би-би-си изјави дека поради конфликтот во Црвено Море, на светот му се заканува повисоки стапки на инфлација, повисоки каматни стапки на хипотеките и понизок економски раст.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More