25.4 C
Skopje
Thursday, May 13, 2021

ЕУ онлајн Самит до крајот на јануари посветен на ситуацијата со коронавирусот

Најчитани вести

Лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ ќе одржат онлајн средба до крајот на јануари за да разговараат за состојбата со ширењето на коронавирусот, соопшти претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на прес-конференција во Португалија, претседател на Советот на ЕУ.

– Видео конференциска средба на шефови на држави или влади ќе се одржи до крајот на јануари, рече тој.

Според Мишел, лидерите ќе разговараат за развојот на пандемиската состојба, особено за вакцинирањето против коронавирус во Унијата.

Овој состанок на шефовите на држави или влади на Европската унија, иако во виртуелен формат, ќе биде прв во новата година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести