Home » ЕУ обезбедува 54 милијарди долари финансиска поддршка за Украина

ЕУ обезбедува 54 милијарди долари финансиска поддршка за Украина

by Журнал

Лидерите на Европската Унија едногласно се согласија да и доделат нова помош на Украина во износ од од 50 милијарди евра.

Пред почетокот на самитот, лидерите на ЕУ извршија притисок врз Унгарија да ја укине блокада, велејќи му на премиерот Виктор Орбан да избере страна во рамки на егзистенцијалниот предизвик предизвикан од руската војна во Украина, најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна.

„Постигнавме договор. Единство“, рече претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во објава на X. „Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ“.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски го поздрави договорот, велејќи дека помошта ќе ја зајакне долгорочната економска и финансиска стабилност на неговата земја додека војната се приближува кон третата година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More