Home » ЕУ апелира за помасовна вакцинација против корона вирусот и сезонскиот грип

ЕУ апелира за помасовна вакцинација против корона вирусот и сезонскиот грип

by Журнал

Ковид-19 и неговите варијанти се уште се околу нас и се повеќе циркулираат во нашите заедници, при што во моментов е детектирано „коегзистирање на три типа вируси истовремено“, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, нагласувајќи ја потребата од помасовна вакцинација против короната и сезонскиот грип.

Киријакидес истакна дека најновите здравствени податоци укажуваат дека во некои земји членки на ЕУ се бележи значителен пораст на лица инфицирани со корона вирусот, додавајќи дека дополнителен предизвик претставува и циркулацијата на други респираторни заболувања.

Според неа, вакцинацијата останува клучна заштита од корона вирусот, особено за ризичните категории граѓани.

– Тоа го истакнав и во писмото испратено до сите министри за здравство во септември за потребата од вакцинација против Ковид и сезонски грип. Ни треба соодветно тестирање, секвенционирање, известување и споделување на податоците за Ковид-от. Тоа е единствениот начин на кој можеме да продолжиме ефикасно да го следиме ширењето на вирусите кои циркулираат и нивните варијанти и да се чуваме меѓусебно, истакна Киријакидес за „Еурактив“.

Таа додаде и дека ЕУ досега евидентираше 900 случаи на мајмунски сипаници

Во Хрватска во периодот од 12 до 18 декември се регистрирани 68 смртни случаи поврзани со компликации предизвикани од Ковид-19, додека здравствените власти во Грција предвидуваат дека доколку продолжи сегашниот тренд на раст на инфицирани со корона вирусот би можело да се очекуваат по околу 80 смртни случаи неделно. Во Италија во последните две недели од 2023 година се регистрирани рекорден број заболени од сезонски грип и Ковид, додека во Белгија кон средината на минатиот месец беше утврдено високо ниво на циркулација на корона вирусот во отпадните води и негов нагорен тренд.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), земјите членки на ЕУ пријавуваат различни трендови на зголемување и намалување на активноста на корона вирусот, на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 и на смртни случаи, претежно на лица на возраст од над 65 години.

Од ЕЦДЦ посочуваат дека повторната појава на Ковид-от, заедно со сезонскиот грип и респираторниот синцицијален вирус (РСВ), како и нивната „коегзистенција“ не се неочекувани.

Владата на Федерацијата БиХ одлучи денеска да ја укине мерката за задолжително носење маски на отворено, освен на местата каде не е можно да се одржува препорачаното растојание.

Сепак, како што јави дописникот на МИА од Брисел, експертите предупредуваат дека појасна слика за ситуацијата најверојатно ќе се добие во следните неколку недели по божиќните и новогодишните празници кога по традиција има многу мешања и дружења.

Некои земји членки веќе размислуваат за воведување нови рестриктивни мерки, како што е задолжителното носење маски на лицата на одредени места. Така, шпанското Министерство за здравство синоќа соопшти дека од денеска се воведува задолжително носење маски во здравствените установи во Шпанија и покрај противењето на властите на дел од регионите во земја.

Сепак, некои влади се воздржани во однос на воведувањето рестриктивни мерки, стравувајќи дека тоа би можело да биде искористено од антиваксерските и популистички партии и групи во пресрет на изборите за Европскиот парламент на почетокот на јуни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More