Home » етворица приведени во судир со полицијата кај кумановско Речица – жителите не дозволуваат угинатите свињи од африканска чума да се закопаат кај селото

етворица приведени во судир со полицијата кај кумановско Речица – жителите не дозволуваат угинатите свињи од африканска чума да се закопаат кај селото

by Журнал

Жители на кумановското село Речица со блокади и протести се противат на одлуката угинатите свињи од африканска чума да се закопаат во близина на нивното село. Жителите денеска ги попречувале службите на Агенцијата за храна и ветеринарство, по што интервенирала и полицијата. Според информации на „360 степени“ од жителите, тие се револтирани затоа што во близина на местото има куќи, а камионите со угинатиот добиток поминувале низ нивните ниви и имоти.

Од МВР за „360 степени“ потврдуваат дека полицијата интервенирала на протестите во селото и дека четири лица биле приведени.

„На 6.1.2024 полициски службеници од СВР Куманово, постапувајќи по барање на АХВ за непречено спроведување на заклучоци од кризниот штаб на Општина Куманово, за итно нештетно отстранување на мрши од свињи угинати од Африканска свинска чума, во село Речица привеле 4 лица, затоа што физички нападнале полициски службеници, од кои двајца се повредени. По целосно документирање на случајот против сторителите ќе следуваат соодветни пријави“, велат од МВР.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство, преку реакција за дел од медиумите, велат дека тие немаат сознанија зошто се бунат жителите на кумановското село Речица, бидејќи инспекциските служби на АХВ воопшто немаат активности таму, туку на локација во селото Режановце, која ја одредила општината.

„Закопувањето на угинатите животни од афиканска чума кај свињите и депопулираните свињи од фармата во село Тромеѓа, каде неодамна од оваа болест од 660 животни угинаа 60 свињи, се врши на локација во село Режановце која за оваа намена е одредена од страна на локалната самоуправа“, наведуваат од АХВ.

Проблемот во селото Речица настана откако пред неколку дена на фарма во селото Тромеѓа е откриена свинска чума.

Денеска во Општина Куманово заседаваше и општинскиот кризен штаб при беа донесени неколку мерки за спречување и сузбивање на ширење на болеста “Африканска чума” кај свињите. Во таа насока, како што информираат од општината, било препорачано Агенцијата за храна и ветеринарство да ги преземе сите потребни заштитни мерки при транспорт од жариштето на болеста до утврдената локација за закоп на угинати свињи и да постапува согласно своите протоколи за работа при вршење на закопот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More