Home » Етна повторно еруптираше

Етна повторно еруптираше

by Журнал.мк

По силна ерупција вулканот Етна исфрли лава и пепел и е повторно активен во јужна Италија.

Локалните извори информираа дека активноста започнала вчера вечерта во југоисточниот кратер, една од активните зони на Етна на надморска височина од околу 3.300 метри, и продолжила до вечерта.

Италијанските медиуми, повикувајќи се на филијалата на Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија (INGV), објавија дека вулканот исфрла пепел и лава, а облакот од пепел лебдел кон исток.

Поради интензитетот на ерупцијата, тимот на INGV од Катанија утринава издаде црвено предупредување за воздушниот сообраќај во регионот, иако аеродромот Фонтанароса во Катанија остана отворен.

Исфрлањето пепел, кое започна во средата навечер, се смири до попладневните часови, што доведе до постепено намалување на предупредувањата за воздушниот сообраќај.

Ова е последната значајна активност на Етна од февруари, по интензивните ерупции и течења на лава минатото лето на Сицилија, каде се наоѓа највисокиот активен вулкан во Европа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk