Home » ЕСП РЕАГИРА ЗА ИНТЕРНЕТ КОЦКАЊЕТО Дно за ДУИ, Ахмети влезе во српското мафијашко подземје

ЕСП РЕАГИРА ЗА ИНТЕРНЕТ КОЦКАЊЕТО Дно за ДУИ, Ахмети влезе во српското мафијашко подземје

by Журнал

Со изгласување на зимените на Законот за игри на среќа, денеска добивме уште една потврда дека ДУИ се во огромна паника. Стравот од кривична и политичка одговорност за сторениот криминал ги тера очајно да се обидуваат да си ја одлепат етикетата дека станаа казино партија, реагираат од Европскиот сојуз за промени.

„Иронија е што Артан Груби се обидува криминалот со казино бизнисите да ги претстави како политички триумф на ДУИ. Не постои поголем срам за Али Ахмети кога влезот на српското мафијашко подземје во интернет коцкањето благодарение на жртвеното јагне Перпарим Бајрами се претставува како врвен политички дострел. Ова е дно за ДУИ кој од партија која се бореше правата на албанскиот народ се сведе на пералница на валкани пари. Албанскиот народ знае дека дистанцата од 500 метри од образовни институции е само мамка за да се скријат законските одредби кои треба му овозможат на Груби да си ги полни џебовите со народни пари“, велат од ЕСП.

Отааму додаваат дека во последните 4 години за ВЛТ апарати Груби расфрлил 40 милиони евра, а само во еден ден пред формирањето на техничката Влада купил ВЛТ апарати за 12 милиони евра.

„Наместо учебници, училишта, амбуланти, болници, спортски сали и други стратешки објекти, парите се потрошија на труење на нашите деца и млади. Артан Груби ќе остане запаметен дека со негов печат се отворија три фирми за интернет коцкање со што му го донесоа злото на народот дома. Младите преку мобилните телефони стануваат потенцијални жртви на алчноста на казино фирмите кои се ортаци со ДУИ. За сите овие гревови ќе следи политичка и кривична одговорност. Европскиот сојуз за промени после 8 мај ќе донесе нов закон со кој сите форми на игри на среќа ќе бидат затворени“, се наведува во соопштението.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More