Home » Ескобар: Добивме уверување од партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе остане посветено на европскиот пат

Ескобар: Добивме уверување од партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе остане посветено на европскиот пат

by Журнал.мк

Очекуваме дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат. Добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија која победи на изборите дека ќе остане посветено на тој пат, изјави заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет, пренесува Гласот на Америка.

На прашањето дали по победата на ВМРО-ДПМНЕ и зголемената загриженост за Договорот од Преспа сè уште верува оти патот кон Европа ќе продолжи, како што изјави на денот на изборите, Ескобар рече:

-Да. Мислам дека Европа и САД многу јасно ја кажаа нашата позиција на претседателот по инаугурацијата дека целосно очекуваме оти Северна Македонија ќе продолжи по својот европски пат, ќе се посвети, ќе продолжи да биде посветена членка на НАТО и, верувајте ми, тие се посветена членка на НАТО. И добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија која победи на изборите дека ќе остане посветено на европскиот пат.

Тој нагласи дека всушност постои сè поголем реализам дека нема друга алтернатива.

-Така, мислам дека ќе видиме и се надевам дека ќе видиме тој пат да продолжи да биде главна политичка цел на новата влада, додаде Ескобар.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More