Се чини дека климата во Манчестер Јунајтед не е баш најдобра.
Британски „Мирор“ пренесува дека многу играчи се незадоволни од моменталниот статус во Јунајтед, но да биде работата уште полоша, некои се пожалија и на тренерските методи на Ралф Рангник.
Првиот што го крена сидрото во јануари е Џеси Лингард, кој реши да си замине од Јунајтед, а тоа едвај го чекаat во редовите на Вест Хем, кој би можел да потпише со Лингард на подолг период, бидејќи споменатиот играч брилјираше во редовите на Чеканите додека беа позајмени од Јунајтед.
Покрај Лингард, од целата атмосфера во клубот незадоволни се и Телес, Ван де Бeк, Рашфорд и Диало.
Изгледа Рагник не ја склопи убаво соблекувалната, а играчите наводно се изнервирани што Кристијано Роналдо ја доби капитенската лента против Вулверхемптон како заменик на Мегваер наместо некои од играчите кои се таму подолго време. Тој натпревар Манчестер Јунајтед загуби со 0:1, што е уште еден удар за целата ситуација.
Споменатиот медиум пишува и дека Рангник е фрустриран од целата ситуација и климата која владее, па се поставува прашањето кои се следните чекори на Олд Трафорд?