Home » Ештон Качер одби да коментира како било на контроверзните забави на Диди: Ух, имам многу да кажам, но не смеам

Ештон Качер одби да коментира како било на контроверзните забави на Диди: Ух, имам многу да кажам, но не смеам

by Lina Muslija

Актерот Ештон Качер одби да зборува за деталите за забавите на контроверзниот рапер Шон Диди Комбс, кој неодамна беше уапсен и обвинет за рекетирање, сексуална трговија и проституција.

„Имам многу да кажам, но не смеам. Значи, ух… Приказните за забавите на Диди, тоа се некои чудни спомени“, изјавил актерот, пренесува „Пејџ сикс“.

Како што знаеме, Диди и Ештон во 2009 година ја организираа годишната „бела забава“ на Комбс за да ја подигнат свеста за маларијата, наречена „Malaria No More“. Сепак, нема индикации дека Качер бил вклучен во некоја од нелегалните активности. Актерот откри дека тој и раперот се дружеле и гледале фудбал, но и дека Комбс се трудел да биде најдобар во сѐ.

Фото: Kathy Hutchins / Capital pictures / Profimedia

„Тој еднаш трчаше со мене и околу половина пат остана без енергија, па поради папараците ме замоли неприметно да „забавам“ за да не изгледа како тој да не може да трча“, се сеќава Качер, а потоа продолжи да раскажува како Комбс бил толку вознемирен поради тоа што почнал да тренира за „Њујоршкиот маратон“.

„Тој едноставно не може да изгуби. Дури и кога е блиску до понижување, тоа му станува поттик“, додаде актерот. Инаку, Качер минатата година беше мета на критики за поддршка на осудениот силувач Дени Мастерсон, а среде негативните реакции, актерот поднесе оставка од „Thorn“, организација за борба против трговијата со луѓе за сексуални цели, која тој помогна да се основа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk