Home » Ердоган во посета на Киев откако предложи Анкара да биде посредник во смирувањето на тензиите со Русија

Ердоган во посета на Киев откако предложи Анкара да биде посредник во смирувањето на тензиите со Русија

by Журнал.мк

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе отпатува за Украина, откако предложи Анкара да биде посредник во смирувањето на тензиите со Русија, без да зазема страна.

Русија ги отфрла западните тврдења дека планира инвазија на Украина и бара безбедносни гаранции дека НАТО нема да се прошири на исток, ниту дека ќе инсталира ракетни системи во Украина.

Посетата на Ердоган доаѓа откако лидерите на НАТО членките Велика Британија, Полска и Холандија го посетија Киев.

Турција има добри односи со Украина и Русија, но најави дека како членка на НАТО ќе го направи она што е потребно доколку Русија нападне.

Анкара и Киев претходно најавија дека ќе потпишат неколку договори, меѓу кои и за слободна трговија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More