Home » Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

by Журнал.мк

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека односите на Турција со Израел се прекинати и додаде дека неговата земја е подготвена да започне прекугранични операции доколку се чувствува загрозена.

– Турција на чело со Реџеп Таип Ердоган не може да продолжи да ги развива односите со Израел. Во моментов немаме никакви односи со Израел. Не презедовме никакви чекори за да ги развиеме овие односи – изјави тој на новинарите по враќањето од Азербејџан, пренесува Си-Ен-Ен Турк.

Ердоган, исто така, изрази надеж дека Турција може да ги обнови врските со сирискиот претседател Башар ал Асад, што, според него, може да придонесе за намалување на регионалната тензија.

– Обновувањето на односите со Асад ќе биде корисно за намалување на тензиите во регионот – рече тој и додаде дека се надева дека тоа ќе се случи во иднина.

Зборувајќи за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Ердоган изрази загриженост за некои од пораките кои доаѓаат од неговата администрација, но нагласи дека се надева оти Трамп во текот на својот мандат ќе преземе чекори кои ќе бидат од корист за Блискиот Исток.

– Се надевам дека Трамп ќе преземе различни чекори во регионот, бидејќи пораките што доаѓаат од негова страна повремено предизвикуваат загриженост – рече тој.

Дополнително, Ердоган ја спомена можноста за идна соработка со извршниот директор на X платформата, Илон Маск, посочувајќи дека Турција може да соработува со познатиот бизнисмен во областа на технологијата доколку се укаже прилика.

– Технологијата не е област која можеш да ја развиеш сам, таа бара соработка. Ако се појават можности, можеме да преземеме заеднички чекори со Маск – заклучи Ердоган.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk