Home » Ердоган: Турција е подготвена да помогне во деескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран

Ердоган: Турција е подготвена да помогне во деескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран

by Журнал.мк

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со иранскиот колега Масуд Пезешкијан, при што дискутираа за ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран, како и за пошироките регионални и глобални прашања, јавува Анадолу.

Според Директоратот за комуникации на Турција, во телефонскиот разговор Ердоган рекол дека Турција е подготвена да игра улога на олеснувач за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да поддржи враќање на нуклеарните преговори.

Турскиот лидер истакна дека бил во контакт со разни лидери за време на тековниот конфликт.

Ердоган, исто така, ја нагласи важноста што Анкара му ги придава на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот.

Регионалните тензии ескалираа од петокот откако Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучително воени и нуклеарни постројки, што го поттикна Техеран да започне одмазднички напади.

Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се убиени, а стотици се повредени во иранските ракетни напади од петокот.

Иран, од своја страна, соопшти дека најмалку 224 лица се убиени, а над 1.000 се ранети во израелскиот напад.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk