Home » Ердоган до Асад: Војната во Сирија влезе во нова фаза

Ердоган до Асад: Војната во Сирија влезе во нова фаза

by Журнал.мк

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика денес својот сириски колега Башар ал Асад „итно да најде политичко решение“ и „да се смири“ со својот народ.

„Сирискиот режим мора итно да соработува со својот народ во корист на сеопфатно политичко решение“, кажал турскиот лидер за време на телефонскиот разговор со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, се наведува во соопштението на турското претседателство.

„Претседателот Ердоган кажа дека Турција работи на намалување на тензиите, заштита на цивилите и отвора пат за политички процес и ќе продолжи да го прави тоа“, се наведува во соопштението. Се истакнува и дека „сирискиот конфликт достигнал нова фаза“. „Режимот мора да се помири со сопствениот народ и легитимната опозиција“, порача Ердоган по вториот состанок со својот Совет за национална безбедност.

Тој ја потврдил својата „цврста поддршка на територијалниот интегритет и единството на Сирија“.

„Најголемата желба на Турција е Сирија да не потоне во поголема нестабилност и да не доживее повеќе цивилни жртви“, го уверувал Ердоган, Гутереш.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk