Home » Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

by Журнал.мк

Ер Франс ги прекина летовите од парискиот аеродром Шарл де Гол до Бејрут и Тел Авив до утре, заклучно со 19 септември, поради ескалација на безбедносната ситуација на Блискиот Исток.

„Летовите ќе продолжат по проценка на ситуацијата“, додаваат од авиокомпанијата, пренесува Ројтерс.

Претходно во текот на денот, Луфтханза исто така објави дека ги прекинува летовите до и од Тел Авив и Техеран и дека ќе го заобиколи израелскиот и иранскиот воздушен простор до 19 септември.

Најмалку девет лица загинаа, а речиси 3.000 беа ранети во вторникот кога пејџерите користени од членовите на Хезболах експлодираа истовремено низ Либан.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk