Home » „ЕПЛ“ ГО НАДМИНА „САМСУНГ“ И ПРВПАТ ПРОДАДЕ НАЈМНОГУ СМАРТФОНИ НА СВЕТОТ

„ЕПЛ“ ГО НАДМИНА „САМСУНГ“ И ПРВПАТ ПРОДАДЕ НАЈМНОГУ СМАРТФОНИ НА СВЕТОТ

by Журнал

„Епл“ го презеде водството на глобалниот пазар на смартфони, симнувајќи го „Самсунг“ од врвот за првпат по 12 години. Една петина од телефоните испорачани лани биле од американскиот технолошки гигант, објави Меѓународната корпорација за податоци (ИДЦ).

„Самсунг“ зафаќал 19,4% од пазарот, следен од кинеските производители „Шјаоми“, „ОППО“ и „Трансион“.

Според ИДЦ, лани биле продадени речиси 1,2 милијарди смартфони, што е намалување од 3% во споредба со 2022. Тоа е најмалото количество продадени телефони во последните десет години, но експертите предвидуваат дека пазарот ќе се подобри оваа година.

„Најголемиот победник е ‘Епл‘, кој лани продал 234 милиони телефони. Не само што е единствениот играч во топ-3 кој остварил раст, туку и првпат изби на првото место“, кажаа од ИДЦ.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More