Home » Енкеледа Чела е пронајдена во близина на хотелот „Белви“ и е во добра здравствена состојба

Енкеледа Чела е пронајдена во близина на хотелот „Белви“ и е во добра здравствена состојба

by Журнал.мк

Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, која беше пријавена за исчезната, е пронајдена во близина на хотелот „Белви“ и е во добра здравствена состојба, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

– Во врска со настанот што ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба, објави на Фејсбук“ министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски.

Исчезнатата Енкеледа Чела Е МАКЕДОНКА ОД ГОЛО БРДО, родители пристигнати се во Скопје
Полициски службеници од СВР Скопје ќе извршат разговор со девојката во врска со причините за исчезнувањето.

Девојката беше пријавена за исчезната вчера во 10:30 часот во Полициското одделение Петровец.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More