Home » Енес Ибрахим реизбран за претседател на Партијата за движење на Турците

Енес Ибрахим реизбран за претседател на Партијата за движење на Турците

by Журнал.мк

На шестиот редовен конгрес, кој денеска се одржа во Скопје, со едногласна поддршка од делегатите на партијата Енес Ибрахим беше реизбран за претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП). Како што соопштија од партијата, на конгресот присуствуваа бројни високи политички претставници од земјата, како и од Република Турција и соседните држави.

„Во своето обраќање, претседателот Ибрахим истакна дека Партијата за движење на Турците, во текот на своето 25-годишно постоење, покажа дека се разликува од останатите политички субјекти, благодарение на својата визија, капацитет, идеали, достоинство и принципи.

Ибрахим нагласи дека патот кон Европската Унија мора да продолжи, бидејќи членството во ЕУ ќе донесе европски стандарди, независно судство, повисоки плати, субвенции и демократски развој, што ќе ја унапреди положбата на турската заедница во Северна Македонија“, стои во соопштението.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk