домаСпортЕнцо Фернандез и неговиот менаџер му се извинија на Челзи

Енцо Фернандез и неговиот менаџер му се извинија на Челзи

- Advertisement -spot_img

Фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандез и неговиот менаџер, му се извинија на клубот по изјавите што ги даде фудбалерот за аргентинските медиуми, за време на неговите репрезентативни обврски во Аргентина, објавија британските медиуми.

Во интервјуто во Аргентина, Фернандес изјави дека би сакал да живее во Мадрид, со што ја остави отворена можноста да се пресели во Реал Мадрид веќе ова лето.

Од Челзи порачаа дека немало дискусија за негова продажба, потсетувајќи дека Аргентинецот има важечки договор до 2032 година.

Поради контроверзните изјави, тренерот на Челзи, Лиам Розениор, одлучи да го остави Фернандез надвор од тимот за два натпревари, против Порт Вејл (7:0) и претстојниот дуел против Манчестер Сити.

Иако Реал Мадрид планира да донесе нов играч во редот за врска, во летниот преоден рок, а Фернандез е меѓу желбите на „кралскиот клуб“, неговата проценета вредност надминува 100 милиони фунти, што е пречка дури и за Реал.

Дополнителен проблем за играчот е фактот што тој е меѓу оние кои сакаат подобрени договорни услови, а најновите изјави би можеле негативно да влијаат на неговата позиција во преговорите со клубот.

Foto/ Depositphotos

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img