6.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Елон Маск го надмина Џеф Безос и стана најбогатиот човек во светот

Најчитани вести

Богатството на основачот на „СпејсЕкс“, Елон Маск, се зголемило до 188.5 милијарди долари, стои во најновиот Индекс на милијардери на „Блумберг“. Со ова, Маск го надмина основачот на Амазон, Џеф Безос за 1.5 милијарди долари и стана најбогатиот човек во светот.

Пораснатите акции на тргувањата на берзите денеска за 4.3 отсто на производителот на електро автомобили, Тесла, придонело за зголемување на богатството на Маск, пишува „Блумберг“.

– Чудно, напиша денеска тој во соопштение на Твитер во одговор на оваа информација.

– Добро, назад на работа, додаде тој.

Маск го освои второто место на рејтингот на Блумберг во ноември, надминувајќи го соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Според агенцијата, Гејтс моментално тежи 132 милијарди долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com