Home » Елмас на подготовки со Лајпциг во Шпанија

Елмас на подготовки со Лајпциг во Шпанија

by Журнал

Македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас денеска и практично почна да го одработува договорот со Лајпциг, упатувајќи се со својата нова екипа во Шпанија, каде што германскиот бундеслигаш ќе спроведе мини подготовки до 7 јануари во тренинг-кампот Ла Манга за продолжението од сезоната со домашниот дуел со Ајнтрахт на 13 јануари.

Тренерот Марко Розе веднаш по пристигнувањето одговараше на прашања на новинарите, меѓу кои и за репрезентативецот на Македонија, за кој изрече низа комплименти.

„Знаевме дека Емил Форсберг ќе нè остави за да замине во Њујорк за време на зимската пауза. Исто така, му дозволивме на Фабио Карвалјо да се врати порано во Ливерпул. Бевме јасни дека ако момчето чувствува дека му треба промена, тогаш би го прифатиле тоа.

Елиф е нашата нова опција за оваа позиција по овие две заминувања. Нашиот тим е малку тенок, но полн со многу квалитет. Елиф е сестран играч. Тој дури и почна како класичен играч од средниот ред, но може да игра и како играч за врска од едниот шеснаесетник до другиот или на крилните позиции. Тој е технички надарен, но исто така и брзо се враќа назад и работи напорно на теренот“, го цитира Розе клупската вебстраница на четвртопласираниот тим во Бундеслигата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More