Според последните информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми, македонскиот фудбалер, Елиф Елмас би можел да се врати во редовите на Наполи.
Наводно, Елмас е желба на тренерот Антонио Конте кој сака да го има на располагање. Елмас се поврзуваше и со Галатасарај пред завршувањето на преодниот рок во Турција, а откако се пропадна за трансфер или позајмица ќе мора да го чека јануарскиот преоден рок.
Во Лајпциг Елмас не се снајде најдобро и скоро воопшто и да не влегува во игра, па поради тоа и македонскиот фудбалер нема ништо против враќање во Неапол.
За услугите на Елмас, Лајпциг во јануари плати 25 милиони евра, сега најавите се дека Наполи би го довел на позајмица.