Натпреварот треба да се игра викендот на 10/11 мај, но за тој период на Олимпискиот стадион Монжуик е предвиден концерт на рок-групата Ролингстоунс. Со оглед на тоа што Камп Ноу не е готов и нема ни да биде најверојатно до крајот на годинава, каталонскиот гигант ќе мора да бара алтернативно решение не само за дуелот со Реал, туку и за останатите натпревари во домашното првенство и Лигата на шампионите.
Една од опциите беше Ел Класико да се игра на стадионот на Жирона, но таа е исклучена поради малиот капацитет на Монтоливи и фактот дека Жирона има натпревар на домашен терен тој викенд. Се спомнуваа стадионите на Еспањол и Реал, ама и тие варијанти не се прифатливи, па останува Ла Картуха во Севиља, каде се играат финалните натпревари од Копа дел Реј.
Ако ништо од ова не излезе, не е исклучено првпат едно првенствено Ел Класико да игра надвор од Шпанија. Се спомнуваат стадионот во Лион и Марсеј, потоа Вембли, а во комбинација се дури и Мајами и Саудиска Арабија.