Home » Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

Еквадор го испраќа „старото руско железо“ во Украина во замена за модерно оружје од САД

by Журнал

Руското Министерство за надворешни работи денеска ја осуди одлуката на Еквадор да им предаде на САД воена опрема од руско производство, која ќе заврши во Украина, како „непромислено“ прекршување на договорот, пренесе агенцијата РИА. Владата на Еквадор минатиот месец соопшти дека ќе ја прифати понудата од Вашингтон за размена на, како што рече, „украинското и руското старо железо“ за напредна американска опрема вредна 200 милиони долари.

Соединетите Држави соопштија дека оружјето што го добиваат од Еквадор ќе биде испратено во Украина за да и помогне на земјата да ги зајакне своите сили на бојното поле против Русија. NEXTA во средината на јануари објави дека Еквадорците поседуваат хеликоптери Ми-171Е и лесно преносливи противвоздушни системи Игла.

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави за РИА дека одлуката на Еквадор е донесена под притисок на надворешни сили. „Таква непромислена одлука донесе еквадорската страна под сериозен притисок од надворешни страни“, рече таа.

„Нашите партнери добро ги знаат одредбите од договорот, кои вклучуваат обврска да се користи испорачаната опрема за наведените цели и да не се предава на трето лице без да се добие согласност од руската страна“, додаде таа. Властите во Еквадор рекоа дека Москва се спротивставува на овој потег, но верува дека сепак имаат право да го сторат тоа.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk