Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски смета дека до Нова година би можел да биде завршен експресниот пат од Градско кон Прилеп. Тој на Фејсбук објави видео како изгледа трасата Градско – Дреново.
„Воведуваме нова динамика во работењето! Со добра работа и организација до Нова година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун“, напиша оптимистички министерот за делницата која е планирана пред многу децении и започната пред многу години.