Home » Експлозијата во пристаништето Раџаи не е поврзана со иранскиот одбранбен сектор, најмалку 28 загинати, 1.139 повредени

Експлозијата во пристаништето Раџаи не е поврзана со иранскиот одбранбен сектор, најмалку 28 загинати, 1.139 повредени

by Журнал.мк

Експлозијата во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран не е поврзана со иранскиот одбранбен сектор, изјави денеска портпаролот на иранската парламентарна комисија за национална безбедност и надворешна политика, Ибрахим Резаи.

Експлозијата во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран не е поврзана со иранскиот одбранбен сектор, изјави денеска портпаролот на иранската парламентарна комисија за национална безбедност и надворешна политика, Ибрахим Резаи.

Резаи за иранската државна телевизија изјави дека во пристаништето немало воен материјал.

На овој начин, тој ги негираше медиумските наводи дека експлозијата во пристаништето може да биде поврзана со неправилно ракување со цврсто гориво што се користи за ракети.

Според најновите податоци од иранските власти и медиумите, во експлозијата загинале најмалку 28 лица, а 1.139 биле повредени.

Претходно, портпаролката на иранската влада, Фатеме Мохаџерани изјави дека бројот на загинати во големата експлозија во пристаништето Раџаи во градот Бандар Абас на југот на Иран се зголеми на 25, а бројот на повредени на 1.139.

Мохаџерани на платформата X напиша дека пожарникарите изгаснале 80 проценти од пожарот што избувнал по експлозијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk