Експлозијата оштети зграда во центарот на Келн денеска рано наутро, а портпаролката на полицијата рече дека широката област на Хоенцолернринг, жива област полна со кафулиња, барови и ресторани, е опколена и голем број полицајци се на терен.
Таа не даде никакви информации за евентуални повреди или причина за експлозијата.
Радио Келн утринава извести дека едно лице е полесно повредено.
Портпаролот на противпожарната служба изјави дека тие биле повикани на местото на настанот, но не било потребно гаснење.
Полицијата ги повика граѓаните да го избегнуваат просторот околу местото на експлозијата.