Еден човек е повреден, а неколку згради се оштетени во експлозија во центарот на Атина, која утринава предизвика пожар, соопштија официјални лица и очевидци.
Едно лице се здобило со изгореници и било пренесено во болница, изјави за ТВ Скај шефот на грчкиот национален центар за брза помош, Џорџ Матиопулос.
Според официјални претставници на противпожарната бригада, засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата или пожарот.
„ Имаме пожар, пред кој имаше експлозија“, изјави на лице место командирот на противпожарната единица.
Сè уште не знаеме што ја предизвикало, а има поголема материјална штета“, изјави претставник на противпожарната бригада за ТВ Скај.