Home » Експертите бараат итен одговор во борбата против климатските промени

Експертите бараат итен одговор во борбата против климатските промени

by Журнал.мк

Тековните топлотни бранови предизвикаа пожари низ Балканот и јужна Европа, при што земји како Македонија, Бугарија и Албанија во моментов добиваат меѓународна помош за гаснење пожари преку системот за поддршка на ЕУ.

Македонија доби помош во хеликоптери од Србија, Унгарија и уште неколку земји, со цел успешно гаснење на пожарите кои пеплосаа делови од земјава.

Големите пожари во делови од Македонија оваа недела уништија и оштетија домови, принудени беа евакуирани и го однесоа животот на еден постар жител во село на околу 60 километри источно од главниот град Скопје.

Силните ветрови од понеделникот го забрзаа ширењето на пожарите во делови од источна и централна Македонија..

Шумските пожари продолжија да беснеат во Албанија во средата, затворајќи ги домовите во јужното село Машкулоре, но не предизвикаа штети.

Стотици албански пожарникари, воен персонал и доброволци успеаја да го стават под контрола големиот пожар во крајбрежниот град Шенѓин, откако го оштети покривот и два барови на плажата, поради што посетителите панично бегаат.

Хеликоптер „Кугар“ на албанската армија и два италијански авиони „Канадер“, дел од механизмот за цивилна заштита на Европската унија, помогнаа крајбрежниот град да се заштити од пожарот.

Во Хрватска пожарите кои избувнаа на брегот на Далмација ги принудија и жителите да се евакуираат, но немаше жртви.

Според податоците на хрватските служби за итни случаи, во Хрватска во 122 различни пожари биле ангажирани 755 пожарникари, со помош на 10 канадски авиони.

Хрватската противпожарна бригада потврди дека од четвртокот пожарите во сите подрачја успешно се локализирани и сузбиени.

Екстремните горештини продолжуваат да ги загоруваат другите делови на Европа, а девет општини ширум Шпанија се под портокалово предупредување за високи температури.

Експертите велат дека е време да се дејствува за да се избегнат повеќе климатски катастрофи низ Европа и ги повикуваат европските лидери да се справат со загрижувачките временски трендови низ целиот континент.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More