Желјаско Радуков, експерт од Министерството за надворешни работи на Бугарија, ќе биде новиот вонреден и ополномоштен амбасадор во Македонија откако на сегашниот, Ангел Ангелов, ќе му истече во јуни.
Предлогот до претседателот Румен Радев за нов шеф на Амбасадата во Скопје доаѓа од вицепремиерката и министерка за надворешни работи Марија Габриел, а изборот на дипломатот од кариера паднал поради неговото искуство во низа области на односите на Бугарија со земјите од Западен Балкан, посебно со Македонија. Од 2010 до 2013 година е поставен за трет секретар во Амбасадата во Скопје задолжен за отворените политички прашања и парламентарната дипломатија, за врските со политичките партии, за бугарската заедница, за невладиниот сектор и локалните власти, за информативна дејност за процесите во Македонија, за јавната дипломатија. Од 2021 година, пак, е одговорен за контакт со македонското МНР во билатерален и европски контекст. И
ма клучна улога при создавањето и прифаќањето на Францускиот предлог (Бугарите го нарекуваат „Европски компромис“) од 2022 година, како и во преговорите меѓу двете страни за Протоколот од Втората седница на Меѓувладината комисија по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во јуни 2022.
Организациски секретар е на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и активно работи за заштитата на правата и на културно-историското наследство на бугарската заедница во Македонија, се дополнителните мотиви за предлогот токму Радуков да биде новиот амбасадор на Бугарија во Скопје.