Home » Ексклузивно: Предлогот за техничка Влада партиите од мнозинството ќе го достават без имиња и презимиња на кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ

Ексклузивно: Предлогот за техничка Влада партиите од мнозинството ќе го достават без имиња и презимиња на кандидатите на ВМРО- ДПМНЕ

by Журнал

Од извори во владејачката СДСМ „Фокус“ ексклузивно дознава дека постои политички договор предлог составот на техничката Влада, да биде доставен без имиња и презимиња на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сите предлози за составот на техничката Влада до Собранието ќе бидат поднесени, а позициите кои согласно законот треба да ги номинира ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат празни, без име и презиме. Не гледаме потреба ниту да ги предложиме, ниту пак пратениците од СДСМ, од парламентарното мнозинството да гласаат за предлозите на ВМРО-ДПМНЕ доколку тие самите не ги поддржуваат. Никаде во демократскиот свет нема пример некој да предлага министри или заменици, а да не ги поддржува при изборот? Не е ова прашање за политички игри. Техничката Влада е законска обврска. Формално треба да го предложи новиот технички премиер. Кога ќе бидат во ВМРО-ДПМНЕ подготвени да ги поддржат, пред се сопствените предлози, тогаш може да бидат номинирани, предложени и поддржани од пратениците од СДСМ, велат високи извори во СДСМ.

Според нашите извори, ваквата одлука на СДСМ има поддршка меѓу другите владејачки партии, а доаѓа откако претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно соопшти дека неговата партија ќе учествува во техничката Влада, ќе предложи кандидати, но нема да ги поддржи во македонското Собрание, односно ќе гласаат воздржано за изборот на техничката Влада.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More