Home » Екс српскиот министер за градежништво – Горан Весиќ штрајкува со глад

Екс српскиот министер за градежништво – Горан Весиќ штрајкува со глад

by Журнал.мк

Екс српскиот министер Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, започна штрајк со глад.

По информациите кои се појавија во медиумите дека меѓу уапсените поради падот на настрешницата во Нови Сад е и Горан Весиќ, тој имаше објава на својата мрежа Х.

„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе им бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошното развој на настанот“, напиша Горан Весиќ.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад вчера соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени поради падот на настрешницата во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Јелена Танасковиќ, вршител на должноста генерален директор на акционерското друштво „Српска железничка инфраструктура“, вчера поднесе оставка на оваа функција.

Некое време пред Јелена Танасковиќ тоа го направи и Томислав Момировиќ, министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk