Home » Екс министерот Бајрами ги вратил парите што ги потрошил за репрезентација

Екс министерот Бајрами ги вратил парите што ги потрошил за репрезентација

by Журнал.мк

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференции во партиското седиште го обвини екс-министерот Наим Бајрами дека го оштетил буџетот за 200 илјади денари за репрезентации, поранешниот министер експресно реагираше и направи потег без преседан во историјата на Република Македонија, јавува Инфомакс.

Имено Инфомакс го контактираше министерот со барање за објаснување што впрочем се случувало за време на неговиот мандат и за која цел бил потрошени овие буџетски средства.

Во разговор со нашата екипа, министерот истакна дека тој целиот свој живот работи во приватниот сектор, плаќа даноци на оваа држава и единствена мотивација за негово активно учество во политиката и зошто прифатил да стане министер за информатичко општество и администрација е со цел да го подобри животниот стандард на граѓаните и дополнително да придонесе за државата, пишуваат од Инфомакс.

Бајрами, вели дека ниту еден денар не потрошил за себе, туку за сите пари кои се потрошени додека бил министер имал фискални сметки и сета потребна документација. Тој за Инфомакс додава дека тие пари биле потрошени за репрезентација при пречек на делегации и колеги министри од соседството и светот.

-Моите трошоци не биле за лична употреба, немам купено одела и кравати, а ниту за дома сум купувал од маркет. Тие се документирани трошоци и како такви се употребени за мојата активност како министер! И покрај тоа што нема ништо незаконско во трошењето, а најмалце злоупотреба на народни пари, сепак во комуникација со службите во министерството им дадов до знаење дека се што е како трошок сам ќе го покријам и тие пари на оние кои плаќаат данок, од морални причини и политичка коректност ќе ги вратам! ВМРО избрза со прес конференцијата знаејки го овој факт, со цел оцрнување на мојот личен имиџ а и партиска припадност! Еве денеска ги вратив парите од трошокот, за да ме ги мислат тие пари кога ке го реализираат кредитот од Орбан! Да видиме тие колку се транспарентни, а богами гледаме колку се транспарентни, вели Бајрами за Инфомакс.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More