Home » Еко-автобусите што ни ги донираше ЕУ два месеци се во гаража и не се користат

Еко-автобусите што ни ги донираше ЕУ два месеци се во гаража и не се користат

by Журнал.мк

Шестте еколошки автобуси, донација од ЕУ за Град Скопје,кои пристигнаа во ноември и требаше да бидат пуштени во сообраќаен промет по една недела, и натаму не се користат и не се во употреба од страна на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје.

Возилата уште претходно пристигнаа во земјава, но беа во складиштата на Царината.

Лани во ноември пристигнаа во гаражите и дирекцијата на ЈСП Скопје во Автокоманда. Автобусите беа промовирани во присуство на директорот на ЈСП, градоначалничката на Град Скопје, министерот за животна средина, како и делегација на ЕУ во земјава.

Единствено логично објаснување што го пласираат одредени медиуми, во недостиг на официјални информации, е тоа дека нема пари да се плати каско-осигурувањето.

Претходно од „ЈСП“ ” соопштија дека проблем се јавил и со погрешно заведениот број на шасијата на еден од автобусите.

Инаку донираните еко-автобуси се произведени во Турција, а гаранцијата им важи две години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk