1.8 C
Skopje
18 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЕкипите на ЈКП „Водовод“ Битола со интервенции во поплавените делови на градот

Екипите на ЈКП „Водовод“ Битола со интервенции во поплавените делови на градот

- Advertisement -spot_img

Во координација со граѓаните, екипите на ЈКП Водовод Битола се на терен и интензивно работат на санација на поплавените подрачја на територијата на општина Битола.
Како што информираат од ЈКП „Водовод“, интервенции се спроведуваат во селото Логоварди, населбата Буковски ливади, како и на улицата Бурса, каде по обилните врнежи беа забележани застоени води и поплавени површини.


Со ангажирање на тешка механизација и оперативни екипи, се чистат каналите и се отстрануваат наслагите со цел нормализирање на протокот на водата и спречување на дополнителни штети. Од претпријатието посочуваат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, сè додека целосно не се стабилизира состојбата на терен.


Надлежните апелираат до граѓаните за соработка и навремено пријавување на евентуални проблеми, со цел побрза и поефикасна интервенција на службите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img